Здружението КУЛТИ ВАТОР од Скопје и МКЦ најавуваат концерт на РОТЕРДАМ СКА ЏЕЗ ФОНДЕЈШН во Скопје.

Ротердам Ска Џез Фонејшн е 6-член состав кој доаѓа од Холандија, зад себе имаат бројни студиски и компилациски изданија и преку 500 концерти на неколку континенти. Концертот во Скопје е како дел од нивната европска турнеја во која ќе посетат преку дваесетина земји.

Концертот ќе се одржи во бифе на МКЦ на 22.октомври (четврток) , а почетокот е закажан за 21 часот .

Локална поддршка ќе имаат во диџеј дуото СКА СИСТАЗ (Иренска и Раста Грл) додека влезниците ќе бидат по цена од 200 денари.

Сподели