Почитувани,
Колективот Ветерница со особена чест и задоволство Ве поканува на втората изведба на РОБОГРАД танцова претстава од деца за деца која раскажува за еден град кој ги претставува сите градови на светот и карактерите кои живеат во нив.

Место: Младински Културен Центар – Кино Фросина
Дата: 09.12.2016 (петок)
Време: 19:30 часот
Цената на билетот е 100 денари и може да си го резервирате и купите на билетарата на МКЦ.

Во овој град преку невербален театар се осмеливме да ги соочиме брзањето, рутината и оттуѓувањето со спонтаноста, љубопитноста и соживотот.
Затоа РОБОГРАД е приказна за нашето време, односно невербален театар која дрско ја отелотворува важноста на слободната игра бидејќи само таа може да го спаси светот.
Таа ниту се купува, ниту се продава – играта ја носиме во себе и во неа сме сите еднакви!

Преку оваа изведба ги потврдуваме нашите заложби за поставување на работата на Колективот Ветерница на редовен репертоар со цел зголемување на видливоста на активната работа на единствениот независен театар од деца за деца.

Затоа дојдете да си играме!

Играат: Аналена Митровска, Исидора Ивановска, Софија Поповска, Теона Танурева Каранфилова, Јована Јосифовска, Кристина Петровска, Маша Блажева, Анѓа Давчева, Иван Силјанов, Марија Масевска, Теодора Стефановска, Матеј Милевски, Матеа Ивановска, Матеа Димова, Мила Матеска.

Илустрација на плакатот е на извонредниот Milos Petrovic од Bitlsti, NOVO DOBA FESTIVAL!

Сподели