Project Orpheus, прототипското дело на Давид Димовски е една интроспективна, еклектична колекција на музичарот, уметник, автор, активист и студент на англиската литература, што на еден деликатен начин емоционално и интелектуално ги поттикнува и разбранува слушателите преку невообичаените сценарија низ кои музиката и наративите на проектот всушност ги води.

Албумот изобилува со раскошни илустрации на иновативен звучен декор, овозможувајќи низ него да се воспостави тоа што Давид го нарекува „еден разоткриен тек на нештата“, односно чувство на едно скоро нерафинирано отелотворение на инспирација, кое цути низ целиот опус.

Методолошки и стилски селектираниот, деликатен пристап кон секоја музичка тема засебно е токму тоа што фигурира како карактеристичното и препознатливото изразно средство без многу рестрикции, коешто и понатаму ќе продолжи да еволуира заедно со овој проект.

Снимен во живо, низ концептуална изведба со тематски континуитет, овој албум ни отсликува еден богат, фиктивен наратив, поставен меѓу апстрактни околности, чии интерпретации се адаптибилни и често диктирани од страна на индивидуалната имагинација на самиот толкувач.

„Да се створи малечко цвеќе можеби е труд за кој се потребни векови, но за да се измисли еден цел универзум не е потребно ништо повеќе од една обична, ладна ноќ и камин, за еден бард“, заклучува Давид.
Бесконечна креација се наоѓа во вечно – присутната разлика помеѓу познавањето, и чекорењето по патот. Сè што ни е потребно за да го пронајдеме тоа по кое трагаме е едноставно да се запрашаме каде всушност се наоѓа и да посегнеме по него!

Целосната верзија од албумот „Shaping The Static“ се очекува набрзо и дополнителни информации ќе бидат објавени на Фејсбук фан – страната на Project Orpheus , како и на официјалната веб – страна.

www.projectorpheus.com

Сподели