Скопско астрономско друштво ве кани на серија предавања во Планетариумот во Скопје, кои ќе се одржат на 11-ти и 12-ти ноември и тоа во два термини, од 20 и од 21 часот. На предавањата ќе можете да видите симулација на ноќното небото ослободено од облаци и светлосно загадување. Нашиот член и предавач Радан Митровиќ ќе ве запознае со најинтересните и најважните соѕвездија, како и легендите кои нив ги пратат. Исто така ќе воведеме новина во астрономските предавања во Планетариумот – преку интерактивна видео проекција ќе ги прикажеме најважните особини на планетите во Сончевиот систем, а со помош на астрономски програми ќе доловиме што се случува периодов на небото и воопшто во астрономијата.

Секако централна улога има Планетариумот и неговата волшебна способност да ни го долови ноќното небо со преубав приказ на ѕвездите, да ни покаже како тоа се менува кога се наоѓаме на разни позиции на Земјината топка, но и да го забрза текот на времето, а со тоа и движењето на ѕвезденото небо над нас.

Планетариумот е во состав на Младинскиот културен центар (МКЦ), а влезот е од страната која гледа кон Македонската радио телевизија. Билетите, кои се во ограничен број, може да ги набавите во билетарата на МКЦ по цена од 150 денари.

Контакт телефон за информации: 076 439 027

Сподели