„Последните голтки“ е најновата, втора збирка раскази на Баковска, по „Четири годишни времиња“ од пред 14 години. Поднасловот ѝ е „раскази за суштински нешта, вторпат“, наспроти поднасловот на првата збирка: „раскази за суштински нешта“. Во неа има два циклуса: Раскази во трето лице и Раскази во прво лице, при што во првиот циклус се поместени 9 подолги раскази, а во вториот – 10 покуси. Иако поделбата е направена така да нѐ залаже дека во првиот дел се неличните, измислените приказни, а во вториот – обратното (личните, неизмислените), сепак тоа не е издрживо како основна подлошка за интерпретирање. Повеќе би рекла дека првите се малку помалку, вторите – малку повеќе лични. Сѐ на сѐ, „Последните голтки“ е книга на и за сеќавањето, некаков тефтер од минатото потпикнат под масата на сегашноста, за да ја направи постабилна, за да не се клати.
Оливера Ќорвезироска

Елизабета Баковска (1969) дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за англиски јазик и книжевност. Докторирала на тема од областа родови студии на Институтот Евро-Балкан. Преведува, пишува поезија, проза и книжевна теорија и критика.
На македонски јазик ги превела Надин Гордимер, Вилијам Фокнер, Бора Ќосиќ, Давид Албахари. Нејзина поезија, проза и критички текстови се преведени и објавени на англиски, шпански, романски, бугарски, словенечки, српски, црногорски јазик.

Објавени книги:
- Житие на нашата љубов, поезија (Маседониа Прима, 2003)
- Четири годишни времиња: раскази за суштински нешта, раскази (Блесок, 2004)
- Состојби на духот и телото по триесеттата, поезија (Блесок, 2005)
- На пат кон Дамаск, роман (Слово, 2006)
- Варварите сè уште пишуваат поезија, поезија (самостојно издание, 2015)
- Сопствена соба, сопствено гето: женското писмо во современата македонска проза, книжевна теорија/критика (самостојно издание, 2016)
- Тринаесет осврти за книжевни и слични дела, книжевна критика (Блесок, 2018)
- Последните голтки: раскази за суштински нешта, вторпат, раскази (самостојно издание,
2018)

За книгата зборуваат Оливера Ќорвезироска и Тихомир Јанчовски. Раскази чита Ана Василева. Фотографиите од книгата ги изложува Сашо Димоски.

bakovska_1 bakovska_2 bakovska_3 bakovska_4 bakovska_5 bakovska_6

Сподели