ПОКЛОН! на музичко крстосување низ ноќното небо над нашата мила сина планета.

Таа, и покрај сите обиди да ја уништиме, секоја вечер излегува пред нејзината куќа, пали цигара, отвора пиво, погледнува кон ѕвездите и си помислува дека сѐ ќе биде во ред.

ПОКЛОН! е газот на бабунот качен на дрво и загледан во една убава жирафа.

ПОКЛОН! е китова маст на која се пржат сите утрински мисли на сонливите бирократи. ПОКЛОН! е тинејџ-атракција во едно мало племе во источна Африка, познато по тоа што сите жители, од раѓање до умирачка, само спијат и сонуваат гласачки ливчиња.

ПОКЛОН! е само повторувачки циркус, повторувачки циркус, повторувачки циркус и никој и ништо не може да ви гарантира дека нема да се распаднат на две секунди пред претстојниот концерт.

ПОКЛОН! се:

Сашко Spaceboy Костов
Ѓорѓе Supernova Јовановиќ
Зоран Black Hole Велковски
Владимир Hubble Лукаш

Планетариумска проекција: Даниел Анастасов

* Билетите се во строго ограничен број и достапни на билетарата на МКЦ, по цена од 150 денари (претпродажба) и 200 денари (на ден на настанот).

Сподели