Оваа среда, во рамките на Дебатниот филмски клуб ЛАЛЕ, комедијата на Жак Тати од 1967, воедно неговиот најсмел филм, Playtime. Режисерот што секогаш се обидувал да работи со непрофесионални актери.
PLAY TIME е чуден, мистериозен и магичен филм. Ремек делото на Жак Тати од 1967 год. во кој секое трепкање со очите значи пропуштена сцена.Овој филм е еден од ретките во кој дури по третото или седмото гледање откривате нешто ново.Филм кој нема пандан во жанрот на комедијата. По Чаплин, Тати, по Тати…празно!
Гостин на дебатата по филмот ќе биде Благоја Чоревски.

Среда, Џебно кино, 20 часот. Влезот е слободен.

Сподели