PlayUK е платформа на Британски совет за Западен Балкан чија цел е да го поддржи и развие аудио-визуелниот сектор во регионот. Преку воспоставување врски меѓу професионалци од Обединетото кралство и земјите од Западен Балкан, програмата на PlayUK го поддржува преносот на знаење и вештини во областите на виртуелна реалност, аугментирана реалност, визуелни ефекти и анимација, и создава уникатен мост меѓу креативците и ИКТ секторот.

Дел од програмата во Скопје ќе биде интерактивна дигитална изложба на која ќе бидат претставени најновите и најголемите достигнувања во полето на ВР и АР инсталации, видео игри, мобилни апликации и друго; работилницата Дневна соба од иднината, чиј домаќин е FACT, ја истражува иднината на радиодифузијата; работилница што ќе ја води Forensic Architecture, кој беше во потесниот круг кандидати за Тарнеровата награда во 2018, во Музејот на современа уметност во Скопје; како и дневна музичка програма со диџеи од Западен Балкан и Обединетото кралство. Десетина креативци од дигиталните медиуми и експерти од Западен Балкан ќе бидат поканети да престојуваат во Скопје и да учествуваат во програмата.

- 2 НОЕМВРИ -
10:00-15:00 Дневната соба од иднината // работилница
14:00-17:00 MADLAB // работилница
17:00-22:00 Гејмерска изложба
17:00-22:00 Google Tiltbrush // работилница
17:00-22:00 Oculus Medium // работилница
17:30-19:00 Уметноста во четвртата индустриска револуција
19:00 ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРАЊЕ
20.00 Презентација на Chagall
***Музичка програма
19:00-01:00
Dejan Dex
BerryQuat
22:00-03:00
Chagall
DJ game Over
DJ Гоце САФ

- 3 НОЕМВРИ -
10:00-15:00 Дневната соба од иднината // работилница
10:00 MADLAB // работилница
12:00 Micro:bit основна работилница за ученици
14:00 Micro:bit напредна работилница за ученици
16:00 Micro:bit работилница со наставници
14:00-16:00 Unity Games Engine // работилница
17:00-22:00 Гејмерска изложба
17:00-19:00 Практичен водич за формат на соработка со Универзитети
17:00-22:00 Google Tiltbrush работилница
17:00-22:00 Oculus Medium работилница
***Музичка програма
19:00-01:00
Violeta Kachakova
Sonja Ismail
22:00-03:00
Nino Naumov
Ода Халити
Ben Pearse

- 4 НОЕМВРИ -
10:00-13:00 Sunday chill
10:00-20:00 Гејмерска изложба
13:00-14:00 Специјална тура со кураторите на изложбата
14:00-16:00 Unity Games Engine // работилница
17:00-20:00 Google Tiltbrush // работилница
17:00-22:00 Oculus Medium // работилница
***Музичка програма
14:00-20:00
Emi Ermilova
Сашо Узун

Преземи програма: https://goo.gl/tb2mqk

Сподели