На 15.ноември во рамки на 13-то издание на филмскиот фестивал CINEDAYS ни доаѓа една од најактуелните авангадни, ангажирани светски музички артисти – PLANNINGTOROCK. Локален тим: Виолета Качакова & Мирко Попов.

Planningtorock

За Џем Рострон, англиска музичарка родена во Болтон, со живеалиште во Берлин, која стои зад мултимедијалниот и перформанс проектот Planningtorock, албумот All Love’s Legal е истовремено и продолжение на нејзината претходна работа и рафинирање на нејзините идеи и на нејзиниот звук. Planningtorock секогаш вметнувала политика во нејзината музика, но ова досега е нејзиното најексплицитно политичко издание.
Потоа следува W, издадено за DFA во 2011, и нејзиниот деби албум од 2006, Have it All, како и Tomorrow, In A Year, нејзината одлично прифатена соработка со Mt. Sims и со големите The Knife.
Со префинета звучна палета, насочена политичка намера и со ново име – менувајќи го од Џенин во Џем – Planningtorock тргнува кон нова возбудлива етапа.
Прекините и пречките не се зборови што обично ги поврзувате со поп или со денс музиката, но мисијата на Planningtorock е да ги побие овие норми. На нејзиниот нов албум All love is legal, таа не ви остава ни грам сомнеж околу сериозноста на нејзината визија за транснационална еднаквост помеѓу половите. Неочекувано, со оглед на тоа што иако западната денс музика потекнува од црнечката квир музика, таа ретко ги опфаќа овие теми, но сепак All Love’s Legal е свежо непосредно истапување од таа практика со јасна политичка намера.
Додека на албумот W, Planningtorock ја исцртува нејзината политичка намера на платно од богата електроника и инструментализација, на All Love’s Legal нејзините теми се вткаени со во самиот материјал на албумот, испреплетени во секој бит, секоја synth линија и во секој жичен премин. Музичките и текстуалните аспекти на All Love’s Legal се еднакво значајни и Planningtorock работи кон создавање квир звук. Нејзината техника на поставување и процесирање на нејзиниот магнетски глас во полово неутрални тонови ѝ овозможува да му спротивстави на добиените идеи за непосредна женственост. Тоа што таа целосно го компонира, снима, отсвирува и продуцира All Love’s Legal му штети на она што самата го опишува како „болест во општеството, полово нормирање на интелектот и на вештините во речиси сите професии“. Исто така режира повеќе видеа што ќе го придружуваат албумот.
Planningtorock објаснува дека во периодите на креативна криза, сфатила дека нејзината намера во создавањето уметност била „да прави музика што ќе биде корисна“. Со All Love’s Legal, таа успева да ја оствари оваа нејзина заложба. Истовремено убаво и интригантно издание, а и корисно, нудејќи ѝ на публиката пристап до комплексен дискурс за прашањето на полот. All Love’s Legal не е евангелие, туку уникатно и проникливо дело на еден личен израз што ќе ве воодушеви и ќе ве охрабри.

Настан кој најтопло ви го препорачуваме!

Planningtorock (live)
+ Виолета Качакова & Мирко Попов

15.11.2014 (сабота) / почеток 23:00 / МКЦ (сала 25 Мај)

Билети по цена од 250 денари во претпродажба и 350 денари на врата.
Продажба на билети на билетара на МКЦ секој ден (освен понеделник) од 12:00 до 20:00.
Резервации на bileti@mkc.mk.

Бројот на влезници строго ограничен!

http://planningtorockofficial.com/
https://www.facebook.com/PLANNINGTOROCK

http://pmgrecordings.com/

http://cinedays.mk/

Сподели