ПИН, единствениот меѓународен собир на музичките професионалци кај нас, годинава со петто издание: од 29 ноември до 1 декември во МКЦ!

Три дена во Скопје повторно сме домаќини на стотина значајни, актуелни гости и музички дејци од различни земји во Европа и ги ставаме во фокус темите поврзани со македонската и европската музичка сцена, музичката продукција, алтернативната култура, поврзаноста на музиката и политиката, авторските права, „направи сам“ пристапот, фестивалите, медиумите, трендовите од областа.

Придружи ни се за да внесеме свежи идеи во македонската музичка и креативна индустрија, да ги здружиме сите засегнати страни, оние кои сакаат да бидат дел од неа и оние кои знаат како функционира оваа индустрија во меѓународни рамки, да помогнеме во размена на идеи и искуства, поврзување и соработка на луѓето кои својот животен повик го откриваат во музиката и уметноста.

Теми, панели, гости и распоред: http://pinconference.mk/

БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ, со задолжителна претходна регистрација на: http://pinconference.mk/register/

Концертна програма / Showcase Festival:
PIN concerts 2018

Сподели