Skopje Dance Festival и de:sonanz festival, поддржани од Back To The Rituals, Btkrsh, Distant Point, Aura Records и Младинскиот културен центар, Ви го најавуваат гостувањето на легендарниот британски бенд Ozric Tentacles, за првпат во Македонија!!!

Ozric Tentacles е бенд-легенда на британскиот андерграунд. Тоа е еден од највлијателните бендови што се појавиле на британската музичка сцена. Нивна цел не е само да создат уникатна и различна музика туку и хармонично да ги обединат сите слоеви и да Ве одведат на едно поинаквко аудио патување. Тоа е отворено истражување на музиката и на душата. Со искуство од над триесет години, Ozric Tentacles ги искусиле променливостите на рокерскиот начин на живот. Бендот има издадено два хит албума, создадено две издавачки куќи (Dovetail & Stretchy), бројни настапи, неколку странични проекти (вклучувајќи ги Eat Static и Nodens Ictus), објавено 29 албуми, настапи во 35 земји и 45 држави и продадено над милион албуми во светот. И сепак, основната мотивација на бендот нема избледено сето тоа време. Ozric Tentacles се раѓаат за време на еден логорски оган на фестивалот Stonehenge Free Festival во 1983 година. Тогаш синтизајзеристот Џои Хинтон (Joie Hinton) налетува на браќата Ед Вајни (Еd Wynne, гитара) и Роли Вајни (Roly Wynne, бас), кои настапуваат во бендот под името Bolshem People, заедно со тапанарот Ник „Тиг“ Ван Гелдер (Jamiroquai). Од таа нивна прва џем сесија се раѓа прекрасна музичка соработка, која и ден-денес е заштитен знак на Ozric Tentacles. Тоа е познатиот спој на хипи естетика и бесна електроника со гитари, нежни клавијатури, миди семплери и супер длабок бас и ритмички тапани. Без вокали и текстови, мултиетничките музички референци оставаат слушателот да го најде или да го протолкува значењето на секоја песна. Ozric Tentacles штотуку го објавија својот најнов двоен студиски албум „Technicians of the Sacred“. Дваесет и првиот албум на овој бенд нуди 90-минутно астрално патување во еден сосем друг свет. Со своето долгогодишно искуство Ozric Tentacles продолжуваат да ги пробиваат границите кон оние простори каде што ниту еден друг бенд не се осмелил да истражува. Ова епско остварување Ве носи на патување кон освестувањето преку музичкото славење и ги охрабрува своите слушатели да зачекорат подалеку од ограничувањата на традиционалните и модерните начини на живот, како и да ги отворат своите умови за секоја можност.

Ozric Tentacles (UK)

http://www.ozrics.com/

Project RnL (Israel)

http://www.projectrnl.com/

Tengri – Parvati Records (Macedonia)

Vertical Sofa – Btkrsh (Macedonia)

http://music.jannemecek.com/track/coming-back-vertical-sofa-remix

Билети во претпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Сѐ.
Од 25.2. до 3.3. истата ќе изнесува 500 денари.
На врата во Младински култерен центар – 600 денари.

http://www.kupikartizase.com/Events/ozric_tentacles

3.3.2016
Младински Културен Центар
20 часот

Сподели