Орестија 1/4
(Надгробно жртвување)

Демократијата не е возможна во еден систем каде што нема базични постулати на владеење на правото при што моќта на владејачката класа е неограничена. Народот мора да се бори да се воспостават тие постулати, или да им се придружи. Дотогаш, до моментот кога што ќе нема да сносиме одговорност, нема да имаме демократија.

Исто така, не можеме да зборуваме за демократија во 21 век во Европа, кога цели територии коишто географски и припаѓаат нејзе не се дел од Унијата, како и поради фактот дека во самата Унија неолибералната логика на владеење незапирливо ги продлабочува социјалните разлики.

На крај, не е ни важно дали Орест ќе ја заколе Клитајмнестра, зашто каков и да е исходот ќе се измисли нов закон со кој владејачката класа ќе ги заштити своите интереси, исто како што се случува тоа подоцна и во Орестија.

Орестија 1/ 4
(авторски текстови и по Орестија на Ајсхил)

координатор на проектот и режија: Ивица Димитријевиќ
драматург: Билјана Крајчевска
сценографија, визуелно обликување и дизајн на плакат: Кристина Божурска
автор на музика: Јане Трајковски
видеомонтажа: Мартин Иванов
светло: Ерик Омерагиќ
видео и фотограф на проектот: Атанас Велковски, Марјан Петковски
видеоконтрола: Кирил Донев
координатор на работилници и социјални медиуми: Јасмина Василева
продуцент: Филип Николовски

ИГРААТ:
Орест – Стефан Вујисиќ
Електра – Наталија Теодосиева
Хороводецот – Жарко Јовановиќ
Клитајмнестра – Драгана Лошкова
Ајгист – Димитрија Доксевски

Продукција: МКЦ – Скопје

За The Chorus Project

Орестија 1/ 4 е дел од The Chorus Project. Основната идеја на The Chorus Project е реобмислување на улогата на Хорот во античката трагедија Орестија од Ајсхил, во однос на денешниот социо-политички и културен контекст и тоа: што значи демократија во 21 век, што значи да се биде граѓанин, што значи Европа и „европската иднина”, како да се поврзат локалното и глобалното, што е индивидуалното наспроти колективното?  Накратко, како да се претстави демократијата на сцена?

Проектот истражува како да се креира граѓански дијалог, оперирајќи на три основни нивоа:

1. Транснационално, помеѓу професионални уметници од четирите земји учеснички;
2. Локално, помеѓу професионалните уметници и граѓаните како дел од Хорот, во секоја земја поединечно и
3.Транснационално, помеѓу претставниците на Хорот од секоја земја посебно.

Проектот е поддржан од Креативна Европа (Creative Europe), а во копродукција на МКЦ – Скопје, Апстарт театар (Upstart Theater) од Лондон, Патос (Pathos) од Минхен и Театар Ам Ленд (Theater am Land) од Грац.

Сподели