Felix Lajko – violin, zither
Antal Brasnyo – viola

Роден во Србија, од унгарски родители, Феликс Лајко започнува да свири зитер на возраст од 10 години, виолина на 12 и за кратко време станува дете виртуоз на двата инструменти. Да сте сведоци на негов настап значи да гледате како некој, носен од здивот на своите музички идеи, е способен да свири секаков стил, не подлегнувајќи на категоризација, со леснотија минувајќи низ музичките граници и стравствено следејќи ја сопствената музичка експресија. Лајко настапувал со голем број реномирани групи и музичари. Бил член на бендот Ritual Nova на Борис Ковач, а соработувал со Александер Баланеску, Noir Désir, Бобан Марковиќ и неговиот Gypsy Brass Band, како и со Huun-Huur-Tu, меѓу останатите, постојано експериментирајќи во рамките на својот ансамбл. Неговиот стил и музика не е потребно да се дефинираат, бидејќи се работи токму за спротивното: преминувањето меѓу стиловите, прифаќање на необјаснивото. Феликс Лајко не тврди дека изведува одреден музички жанр. Тој вели: „Музиката што ја создавам се базира врз деликатноста и шареноликоста на мојот инструмент. Јас само одам по сопствениот пат, импровизирајќи и компонирајќи.“ Ова тој го прави со редок и раскошен талент.

JUPITER’S DANCE
Directed by: Renaud Barret & Florent de la Tullaye
Music composed by: JUPITER BOKONDJI
Runtime: 73 min.

Jupiter’s Dance е извонреден документарец за животот на музичарите во Конго, растргнато од војна. Филмот ги носи гледачите на возбудлива турнеја низ гетата на Киншаса и ги запознава со музичарите кои се борат да излезат од хаосот околу: рапери, хендикепирани блузери, улични деца, иноватори на инструменти и „ндомболо“ музичари. Јупитер, харизматичниот лидер на бендот Okwess International, е водич и нараторот на приказната кој го опишува својот град и неговата долгогодишна битка да ја пробие својата музика надвор од гетото. И покрај се, Киншаса е град што зрачи со извонредна енергија чијашто примарна форма на изразување е музиката.

 

Сподели