Tрадиционалниот новогодишен концерт на Градскиот дувачки оркестар ќе се одржи на 15 декември (вторник), во 20:00 часот, во Младинскиот културен центар.
Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на скоро сите значајни манифестации, државни празници најразлични настани, давајќи им свечана нота на истите. На репертоарот на оркестарот се наоѓаат дела на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус…
На концертот ќе биде изведена следната програма:
Buglers Holiday – L.Anderson
Strangers in the night – B.Kaempfert  arr. H.Eminovic
Abba Gold – arr. Ron Sebregts
Something – J. Taylor  arr. H.Eminovic
Samba – G.Noris
Moon River – H.Mancini  arr.K.Dieter Bauer
Dobs Boogie – W.Dobschin  arr.W.Tuschla
Fevar – E.Cooley   arr.H.Eminovic 
Bamboleo – S.Diaz    arr. H.Eminovic
New York, New York – J.Kander  arr. E.Charleton
Tequila – A.Lokatelli arr. V.Platonovic
                            БИС:
Radetzky – Marsch – J.Strauss   arr. J.P.Ehmig

Сподели