Главните готвачи на манџите од легендарното Кастро: Славе и Game Over се повторно тука! Овој пат во поголем простор – нашиот омилен Младински културен центар. Маскенбалот е со кујнска тематика, но и сите други маски се добрeдојдени :)

Готвачи гости се двајца членови на култниот состав Sethstat – Васко Бојаџиски и Владан Дробицки, кои заедно со Трајче Петрушевски го сочинуваат drum & bass проектот Sub Bass Jazz.

Картите ќе бидат пуштени од 13 март по симболична цена од 100 денари. Се гледаме на 1 април во МКЦ!

Сподели