Тие се мајстори на современата балканска ромска музика. Настануваат откако нивниот басист, Грк, влегува во еден бар во Њујорк и ја слуша музиката полна звуци од источниот медитеран, од јужниот дел на Балканот. Чистотата на кларинетот ја обземала целата соба, како да пее. Од тој момент на откривање, New York Gypsy All-Stars се оформува во состав што ги обединува разновидните балкански звуци од Македонија, Грција, Турција, со музиката од американски корени. Користат различни инструменти, типични за Балканот, типични за ромската музика и како и повеќето Роми се виртузи на кој било инструмент.

Билетите се во претпродажба од 14 септември, понеделник, на билетарницата на МКЦ, по цена од 250 денари. На врата, цената на билетите ќе биде 350 денари.

Сподели