„Небо во кафез“ како возрасно дете буричка по светот околу себе, го отсокрива, го препокрива, покажува на работи очигледни, а заборавени, или заматени од премногу зашербетена лага, и гласно кажува „Царот во нас е гол!“
-Ѓоко Здравески

На 26.10.2019. во 18:30, во фоајето на кино Фросина во Младинскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгата поезија „Небо во кафез” од Долорес Атанасова-Лори. Театарот на сенки „Сенки и облаци“, со својата магија на сенки и бои ќе претстави дел од поезијата, за која претстава гласовите ги позајмија Ѓоко Здравески, Биљана Стојановска, Верица Недеска и Долорес Атанасова-Лори, а музиката е на Горан Атанасов.

На промоцијата ќе читаат:

Ѓоко Здравески
Ана Голејшка Џикова
Снежана Стојчевска
Биљана Стојановска

Сподели