Драги пријатели,
Малиот меркур ве кани на музичко доживување:
Mnemonic45 – Концерт во Планетариум.
Безгравитциско лебдење со звучните пејсажи на Mnemonic45.
11.Јуни, 21 часот. Планетариум, МКЦ.
Бројот на билети со симболична цена е ограничен.
Истите можат да се набават на касата на МКЦ.

Mnemonic45 – во живо на Канал 103. http://mnemonic45.bandcamp.com/

Зад проектот Mnemonic45 стои Гоце Глигуровски кој живее и твори во Битола. Своите први музички истражувања ги започнува пред 10 години и досега има акумулирано сериозен багаж на музичко знаење. Создава префинета амбиентална електронска музика, која се темели на неговите постојани изтражувања на звуците на природата и експериментирањето со истите во дигиталниот контекст.

Сподели