Концерт на Spectrum

Spectrum е бенд од Скопје што свири прогресив метал со елементи од многу други жанрови. Имаат голем потенцијал со предобрите инструменталнo-технички вештини што ги поседуваат. Формирани се во октомври 2015. До сега имаат свирено на повеќе настани во нашиот град, како и низ Македонија. Ова ќе биде првиот нивни самостоен концерт.
>> Youtube: https://goo.gl/8PPzv3

Карти во претпродажба: 100 ден.
Карти на ден на концертот: 150 ден.

Come together & Support your local scene ♥

Што е Млади за Скопје?
Серијал на концерти на кои целото внимание е насочено кон еден бенд. Концертите претставуваат супер место за да се видат многу млади, нови бендови, да се чуе што имаат тие да пренесат и да се доживее форма на уметност која потекнува од самите гаражи. Млади за Скопје служи за дружење на истомисленици, луѓе што ја сакаат музиката, уметноста и одењето на концерти. Давање до знаење дека постојат многу квалитетни бендови што за жал само малкумина чуле за нив. Место каде што после напорен ден, недела, месец можеш да одлепиш и да си ги наполниш батериите. Разменување искуства и креирање на појака домашна авторска сцена.

Сподели