Cóntact 59 ✔️
Metanoia ✔️
Мариналеда ✔️

Следни во шаблонот на концерти #МладиЗаСкопје се The Planktons.

Што е Млади за Скопје?

Серијал на концерти на кои целото внимание е насочено кон еден бенд. Концертите претставуваат супер место за да се видат многу млади, нови бендови, да се чуе што имаат тие да пренесат и да се доживее форма на уметност која потекнува од самите гаражи. Млади за Скопје служи за дружење на истомисленици, луѓе што ја сакаат музиката, уметноста и одењето на концерти. Давање до знаење дека постојат многу квалитетни бендови што за жал само малкумина чуле за нив. Место каде што после напорен ден, недела, месец можеш да одлепиш и да си ги наполниш батериите. Разменување искуства и креирање на појака домашна авторска сцена.

The Planktons
The Planktons се тројца момци од Скопје и како состав постојат од Април 2015. Свират инструментална сурф, рокабили музика со фанк и џез елементи. Неодамна направија промена во составот, со што имаат нов гитарист а воедно и нов звук. До сега имаат издадено едно EP издание под насловот “El Plancton”, нивно прво издание, а работат и на материјал за нивниот прв студиски албум. The Planktons се: Марко Трендафиловски (акустични тапани), Дарко Поповски (бас) и Кристијан Караџовски (гитара).

Билетите се по цена од 100 денари во претпродажба, а на ден на концертот 150 денари.

Сподели