По двата фантастични концерти на Cóntact 59 и Metanoia, продолжуваме со Млади за Скопје #3 – концерт на младите панк-рок херои Мариналеда!

Што е Млади за Скопје?

Млади за Скопје е серијал на концерти коишто ќе се одвиваат секој месец во Младински Културен Центар во соработка на тимот од Алтернативно Скопје и МКЦ. На овие концерти ќе свири и вниманието ќе биде насочено само кон еден бенд.
Целта на овој проект е давање шанса за промоција на млади и неетаблирани бендови кои многу вредат но до сега немале шанса да ги слушне поширок аудиториум. Младите ќе имаат шанса да видат што е тоа квалитетна свирка, да ја поддржат локалната сцена, а и воопшто да имаат нивно место (катче) кај ќе се дружат еднаш месечно, а постарата публика ќе има шанса да увиди дека Скопје после нив полека не замира туку дека се прави нешто.
Поради недостигот од кул места за правење концерти (се затворија „Кастро“, старата „Ла Кања“ итн) МКЦ се издвојува како природно место за ширење култура и добро дружење.
Се надеваме дека многу млади луѓе присуствувајќи на концертите ќе посакаат и тие самите да оформат бенд, да се извежбаат добро и еден ден и самите да имаат свој концерт. Се надеваме дека постарите љубители на музика нема да гледаат со предрасуди кон новите бендови и дека максимално ќе ги поддржат. И се надеваме дека ќе направиме атмосфера сите бендови да се чувствуваат сигурни и да дадат се од себе. А за бендовите се надеваме дека ќе имаат шанса понатаму уште повеќе да се пробијат!

- МАРИНАЛЕДА
Бенд длабоко инспириран од парадоксите на денешното време и револтирани од глупавоста ечат отворени акорди полни со искреност. Влијанија од Husker Du, Savages, Т.Б. Трачери и ХАХАХА, возење точак, кооперација и билијард на жетони. Гитара/вокал – Марко Новески. тапани – Владо Крстевски, бас гитара – Благоја Камчевски. Мариналеда (Андалузија) е град во кој сите сакаат да живеат, Мариналеда (Скопје) е бенд кој сите треба да го чујат.
жанр: панк-рок, гараж рок
facebook: https://goo.gl/jufqE3
youtube: https://goo.gl/Sah6Wl

Карти во претпродажба: 100 ден
Карти на денот на концертот: 150 ден
Се гледаме на 10ти Декември! :)

Сподели