Откритието за Босанките пирамиди ја менува европската и светската историја засекогаш. За време на предавањето д-р Семир Османагиќ ќе ги претстави новите откритија во врска со истражувања и енергетските мерења направени на врвот на Пирамидите и во подземниот лавиринт на тунели, од страна на признатите руски научници и академици, Проф д-р Коротков и Проф. д-р Смирнов.

Повеќе од стотици години нè учат дека Пирамидите се градени само во Египет и Мексико како гробници или како церемонијални места за жртвување.

Тоа не е вистина.

Пирамидите се присутни на сите континенти во светот и многу независни истражувачи го имаат докажано тоа користејќи ги најновите сателитски, георадарски и геотермални инструменти и методи. Со тоа ја отвараат вратата на новата вистина и новата историја за Пирамидите во Светот.

Д-р Семир Османагиќ е човек кој што ги има истражувано пирамидите во Перу, Хондурас, Мексико, Салвадор, Боливија, Кина, Маурициус, Гватемала и многу други земји во светот. Во 2005 година ги открива Босанските Пирамиди во Високо, поради што е примен во Руската Академија на Природни Науки како најмлад член на таа институција во која се наоѓаат и десетина истакнати добитници на Нобеловата награда. По потврдата од страна на истакнати египетски научници за постоењето на Пирамидите во Босна, тој патува низ целиот свет и предава за Босанските пирамиди.

Предавањето ќе се одржи во Младински културен центар во просториите на кино Фросина со почеток од 19ч.

Влезот е слободен.

За какви било прашања околу настанот може да се обратите на нашата страна Д-р Семир Османагиќ.

Сподели