Концерт на Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар од Скопје, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, насловен „Миса бревис, Лукс етерна” (Missa brevis, Lux aeterna).

Програмата вклучува дела од францускиот композитор Лео Делиб и од нашиот автор Александар Пејовски, меѓу кои и една праизведба. Овој тип вокално-инструментални композиции кај нас многу ретко се изведуваат, така што концертот претставува несекојдневна можност публиката во Скопје да чуе музика од овој жанр.

Освен женскиот младински хор, во изведбата ќе учествуваат и гудачки оркестар и солисти, како и познатите музички уметници Марија Вршкова, Јанинка Невчева и Сара Мејс на челеста, органа и харфа.

Сподели