Minstrel’s Gallery е бенд што активно свири од 2013 во непроменет состав:

Виктор Танасковски – гитара, мандола, вокал
Слободан Танасковски – флејта, клавијатура, вокал
Даме Јовановски – бас гитара, вокал
Кристијан Тодоров – тапани, перкусии

Жанровски, музиката е најблизу до progressive/art rock со елементи на џез, хеви метал и светската фолк музика.

На 29 февруари ќе го промовираат нивниот прв албум со наслов “Ignorance Leads to Ruin”, заедно со сите слики, цртежи и графички прилози што се дел од темата на албумот, со цел да се создаде настан од аудио-визуелна природа.
Билетите за настанот по цена од 150 денари ќе се продаваат заедно со цеде.

Сподели