Новиот албум на Милко ни ја донесе можеби нивната најискрена и најдиректна плоча до сега, која изобилува со имагинарен занес и креативна страст проткаена низ нивниот обид за јасна и вистинска дијагноза за градот и времето.
Врисокот на гитарите што предат во какскадата од вдахновен ритам ја следат дистописката приказна, која пак со автентична доза на компетенција и срце раскажува за насекаде херметичкиот и резигниран свет, за градот што не препознава херои, за личните идентитети, привиденија… И соништата.
Чист поп сентимент.
Билетите се во продажба по цена од 150 денари, а на ден на концертот 200 денари.

Сподели