Уште еден концерт во МКЦ. Станува збор за најрепрезентативните бендови на виенската независна сцена Mile me deaf и Sex Jams, кои веќе еднаш гостуваа во МКЦ. Локална поддршка ќе добијат од енергичните, лути кумановци TV Rage.

mile me deaf

Проектот MILE ME DEAF е започнат далечната 2002 од гитаристот на “Killed by 9V batteries”, Волфганг M. Мile me deaf најголем дел од времето е соло проект, но неретко голем дел од пријателите на Волфганг настапуваат со него на концерти. Се тврди дека Мile me deaf има снимено повеќе од 500 песни во последните 9 години. Делови од неговата епска дискографија можат да се најдат на официјалната веб страна.

sex jams

SEX JAMS доаѓаат директно од виенската вибрантна DIY андерграунд музичка сцена, кои со себе носат возбудлив настап во живо преполн со експлозии од чист поп и пренагласен нојз звук способен да ја разоружа и најотпорната публика. Нивниот најнов албум, Trouble,Honey (2013) пакува разигран панк рок ритам со уредно вклопени амбиентални пејсажни звуци. Оваа плоча се чини како одлично да ја комбинира поп леснотијата на Блонди заедно со звучната “неуредност” на Dinosaur Jr. во нивните најдобри денови. Никогаш претходно анархистичката “smash-the-state” искреност не била толку перфектно измешана со продирачки соул и дрим поп. Sex Jams се дефинитивно сила на природата која нема да може да ја одбегнете во претстоечката 2014. Ова ќе биде нивни втор настап во СКопје.

tv rage

TV RAGE доаѓаат од Куманово. На овој настап ќе го промовираат EP-то “RIOT FROM THE GROUND” кое ќе излезе токму во април за КРАН Рекордс & Направи Заедно.

Сподели