Добредојдовте во нашето Месечиново – магично место што толку било блиску до месечината, та сончко драг решил да си тера друг пат. Месечиново е другата страна на темнината, царствотото каде што живеат суштества сенекакви и разни од фантазии не празни. Страшни, а бестрашни, мали и големи, нашите ноќноноќиа во сплетки ги плеткаат: вештерки, самовили, џинови, џуџиња, караконџули, вампири, сенки, бувови… А најчудесни од сите се оние друѓе, слични на вас луѓе, како и неколку видови друготни, не толку лични како животни.
Месечината е нашата заштитничка, а Царица Милица – создадена од сребрен прав и сончев зрак – сите нè варди од безмилосен мрак.
Во крилјата на Влечко, мајсторот на буварењето, расте малиот Ѕвечко, а неговата Сенка со магични сказни го топи во слатка дремка.
Само Мачорот со својата мудрост и гатачки моќи, од сончевиот град е дојден во овие бескрајни ноќи.
Но, драга публико наша, сè ќе се претвори во каша кога Кошмора – тој страв што во пештера живее – ќе почне да дивее…
Останете со нас и бидете храбри, оти стравот ќе се надигра кога љубовта ќе заигра.

Месечиново е претстава што обединува куклен, физички и театар на сенки.

Режија и текст: Колектив Ветерница.
Улоги:
Марија Бејкова – Царица Милица и Темтелија
Ивана Нелковска – Ѕвечко
Билјана Митева – Сенка
Билјана Димитрова – Мачорот
Милош Стојановиќ – Влечко и Кошмора

Куклар: Бруно Толиќ
Kостимографија: Рената Димчов
Сценографија: Велимир Жерновски
Реквизита: Сања Симоска
Избор на музика: Ѓорѓи Јаневски
Дизајн: Ангела Маневска
Анимација: Вања Шереметкоски

МКЦ Кино Фросина
Билет: 150 ден.
Резервации на тел. 02 311 52 25 или bileti@mkc.mk

Сподели