Промоција на стихозбирката „Менување на минатото“ од Сашо Огненовски

Промотор: Лилјана Пандева
Стихови ќе читаат: Ане Блажовски и Дамјан Јосифовски

„Во својата најнова книга Сашо Огненовски прави решителен исчекор од говорот на емоцијата и интимистичката онтологија кон говорот на интелектот. Неговиот поетски проект тука сега спаѓа во концептот што се именува со синтагмата пеење и мислење. И тој проект таков е конзистентно остварен и поетски акрибично реализиран како поетско-филозофски систем од првиот до последниот стих. Од песна во песна, неговата длабинска метафизичка потрага од родот се шири и кон историската метафизичка судбина на сеопштото човеково постоење. Поетот него го промислува главно интелектуално, со една понорна рефлексија под чија кора се наѕира длабок онтолошки слој“ – напиша во поговорот на книгата Ефтим Клетников.

Сподели