Готвачки натпревар во МКЦ!

Драги почитувачи на ликот и делото на Стево Карапанџа, добредојдовте на првиот натпревар во готвење организран од МКЦ Скопје!

4 јуни (недела) на платото пред МКЦ, своите готвачки вештини во специјалниот предизвик МАЖИ vs. ЖЕНИ ќе ги докажуваат:

Мирко Попов
Гоце САФ
vs.
Румена Бужаровска
Јана Јакимовска

Публиката ќе пробува и гласа за најдобриот, а настанот ќе го води Оливер Митковски.

Наградата е „Златна кутлача” и бакнеж од Андријана Алачки :)

Истовремено, на настанот ќе може да си набавите билет за претстојниот ЗДРАВО МЛАДИ по промотивна цена од 500 денари!

Влезот е отворен, настанот започнува во 13 часот, а учесниците што готват ќе пуштаат и музика.

Се гледаме!

Сподели