Најдругарскиот и најпозитивниот ЛУЗЕР ФЕСТ годинава ќе се одржи на 26 ноември во МКЦ!

Вкупно осум финалисти ќе настапат на Лузер Фест, а на 26-ти ноември во МКЦ заедно со публиката и жирито, ќе го одбереме победникот на годинашното издание, кој покрај тоа што ќе има прилика да го сними и објави својот прв албум, воедно ќе настапи и на главната вечер на ТАКСИРАТ фестивал!

Финалисти на Лузер Фест 2016 се: CONTACT 59, FREAK UNIQUE, INKLINGZ, LINCOLN LETTER, МАРИНАЛЕДА, SHELL SHOCK, STRING ROAD и THE LOCAL BLUE.

Со овие имиња го затвораме првиот круг на Лузер Фест и ве очекуваме на финалето да ги поддржите младите бендови на кои вакви настани им се исклучително потребни и заедно да ја освежиме сцената со нови сили!

Влезниците за Лузер Фест 2016 ќе се продаваат на денот на одржувањето, на билетарницата на МКЦ, по симболична цена од 100 денари.

Наскоро ќе бидат објавени и дополнителни информации за овогодишното издание на фестивалот, меѓу кои и изведувачите кои ќе настапат како гости на Лузер Фест.

Сподели