Lord Finesse е еден од архитектите и основоположниците на њујоршката хип хоп сцена. Легендарен MC, дел од култните D.I.T.C. (Diggin’in the crates).

Заедно со Big L, Fat Joe, O.C., Show & A.G. и Buckwild, го дефинира њујоршкиот звук во 90тите – има 3 соло изданија како артист, 3 албуми со D.I.T.C. и безброј проекти во соработка со други артисти.

Како продуцент има работено на неколку од најкултните хип хоп изданија – Dr. Dre – 2001, Notorious B.I.G. – Ready to Die, Big L – Lifestylez of da poor and dangerous, O.C. – Jewelz,  Terror Squad и многу други.

Меѓу другото, Lord Finesse е и Њујоршка ДЈ легенда , одличен техничар и селектор, кој активно настапува со свои сетови во клубови и по фестивали низ целиот свет.

Голема чест ни е што на 7ми мај, недела, во денсинг салата на Младинскиот Културен Центар, како дел од Фанки Фреш серијалот, за првпат ке се појави пред македонската хип хоп публика.

Домашна поддршка  ќе биде еден од најеминентните ликови во Македонскиот хип хоп – Страјк.

Емси, диџеј и продуцент, со своите два соло албума “Кутија” и “Земен Рај” и работата со СТР2 и Легијата,  Страјк го има изградено својот статус како неизоставен дел од Македонската хип хоп сцена.

Настанот е на 7 мај, недела, во денсинг салата на Младинскиот културен центар, Скопје,  со почеток во 20:30 часот.

Влезниците по цена од 200ден. во претпродажба (300ден. на самиот настан) може ,од денес, да се набават на билетарата на Младинскиот Културен Центар, Скопје и во продажната мрежа на MkTickets.

Сподели