Промоција на аудиокнига од Тихомир Јанчовски

Во ликот на Лидија се собрани сите жени. Таа е архетип на сѐ женско, жена како битие. Има разлика меѓу машко и женско гледање на работите и сега ми се разјаснија тие работи… Во книгата е пишувано од аспект на тоа како еден маж ги гледа жените, а женскиот аспект на гледање е само начнат преку Лидија. Оваа книга е нешто помеѓу поезија и проза, нешто што и не мора да се дефинира.

„Здраво Лидија, Ова не е писмо, ова е почеток на една книга. Не знам како ќе се вика, насловите обично доаѓаат на крајот. Тоа е најмалку битно. Засега, книгата може да се вика „Лидија, или сѐ што знам за жените“. Или само „Здраво Лидија“ (ако бидат писма или раскази). Ти немаш многу врска со сето тоа, иако може и поинаку да се сфати. Името во насловот секогаш може да се смени, нема да влијае на суштината. И ти си можела да се викаш Софија, Ана, Силвија, Лена,.. речиси сите женски имиња завршуваат на А“.

Гласовите во книгата се на Игор Трпчевски, Лидија Ангелова и Тихомир Јанчовки. Снимател и монтажер е Тони Мичевиќ.

Сподели