Музика во Планетариум

Драги пријатели, малата мечка ве кани на музичко доживување:
Kraftwerk – Ralf und Florian (1973)

Планетариумска проекција: Даниел Анастасов
Среда, 7 декември, 21 часот. Планетариум, МКЦ

Билетите (100 денари) се во строго ограничен број и достапни на билетарата на МКЦ.

Третиот албум на Kraftwerk е прекрасен предвесник и патоказ за иднината. Опуштено и разиграно истражување на можностите на електронската музика. На фотографијата од апсолвентското табло, Ralf Hütter и Florian Schneider се смешкаат како Мона Лизa. Имаат и зошто.

Сподели