SVIN (Данска) и FIGHTING WINDMILLS (Македонија)

SVIN стнаа сериозни уште од нивниот деби-албум “Heimat” од 2011 како и со нивниот втор албум “Secretly We are Gay” од 2014. Со бројни европски турнеи и настапи на престижни фестивали, SVIN создадоа име од себе на интернационалната сцена на експериментална музика, но истовремено собраа врвни рецензии во бројни домашни и странски медиуми. Нивниот нов албум наречен според името на бендот е издаден на 3 април, 2015 година за PonyRec. Со масивен звук на тапани, ориентални гитари и мелодични хорни, SVIN испраќа каскади на психоделични дронови во атмосферата. Албумот содржи едноставни, поетични мелодии вметнати во наизменични примитивни сонични текстури.
Разновидната природа на овој албум е целосна рефлексија на нивната напорна работа, со која бендот се одликува во последните неколку години.

Fighting Windmills на овој концерт после долго време ќе се вратат на трио форматот во ритам секцијата. Премиерно ќе отсвират неколку нови композиции, кои дополнително ги истражуваат допирните точки помеѓу пост-рок изразот и експерименталниот џез, додека пак постариот репертоар ќе доживее нови, значително посирови аранжмани.

На овој настан ќе биде промовирана и ЕНЦИКЛОПЕДИЈАТА на домашни дуо бендови, напишана од страна на Драган Вуковиќ, кој ќе биде присутен на овој настан.
На почетокот на 2016 година, во издание на „ЗОС“ од Словенија е издадена Енциклопедија на домашни дуо бендови. Автор на Енциклопедијата е Драган Вуковиќ и во неа се застапени 115 домашни бендови од сите републики и покраини од поранешна Југославија.
Временскиот период што е застапен во енциколпедијата е од 1982 до денес. Авторот во ова прво издание на едицијата под името „Да не се заборави“ е сконцетриран на underground сцената во поранешната држава, а во енциклопедијата се застапени и македонските бендови K.N.N.T., Demek, Siz, TI.

МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР
6 МАРТ 2016
Почеток 21:00
Влез: 150 денари

Сподели