Ryley Walker е реинкарнација на „вистинскиот американски гитарџија“. Тоа е и потврда на неговите лутања и скитања, или на фактот дека неговата гитара Guild D-35 неколку пати била заложувана за заеми. Primrose Green започнува онаму каде што завршува All Kinds of You, неговото последно издание, но набрзо се оддалечува.
Насловната песна звучи едноставно и несекојдневно, но главната зелена тема има халуциногени квалитети, што е случај и зa поголемиот дел од плочата. Бендот е мешавина од стар и нов чикашки талент, спој од папсани ветерани од пост-рок и џез круговите заедно со желни и заинтересирани младинци. Никој не знае што иднината му подготвува на младиот Рајли Вокер. Тешкотиите, препреките и несигурното домување во лоши услови, веројатно се само креативен поттик за него. Овде, на ова издание ризикот е ограничен пристап до неговата лична катастрофа со тоа што присутен е флерт со успехот. Краткиот животен пат исполнет со постојано вежбање и дисциплина резултирале со ремек дело од албум, вид албум што не сме го сретнале уште од 70-тите.
Вечерта ќе ја отвори Алек Костенаров, некогашен басист на Culture Development, кој ќе го претстави „Скопје се сеќава“, неговото издание (мини албум) за новата дискографска работилница ДИП.
Иако, се шушка дека ќе бидат отсвирени и некои нови песни. Мини-албумот е достапен во CD формат и бесплатно на bandcamp страницата на Костенаров.
Билети по цена од 200 денари во продажба на билетарницата на МКЦ и преку продажната мрежа на МК Тикетс.

Сподели