RIB почнуваат да свират во октомври 2014.
Јане (гитара и труба), Ивица (гитара и вокал), Филип (тапани и перкусии) нé водат на едно поразлично музичко патување од досегашните на кои сме навикнати со нивните останати бендови и проекти. Од плажите на Venice Beach преку суптилната атмосферата на њујоршките џез клубови, па сé до скопските летаргични возења на точак. Rib го снимија својот прв албум во јануари 2015, во студиото на Ивица Јанкуловски и својата концертна промоција ја имаа оваа пролет, на сцената на Здраво Млади. Овојпат го промовираат винилот, за албумот – Something Completely Different.
Гости на концертот ќе бидат Khara и The Wise Shouldn’t Stay Quiet .
Почеток 21 часот, цената на билетите е 150 денари, веќе во продажба на билетарница на МКЦ и преку продажната мрежа на МК Тикетс,
Се гледаме на 22 јануари;)

Сподели