Матеј Кончан алиас Kleemar, enfant terrible на словенечката IDM сцена, на единствен и вешт начин ја спојува суптилната меланхолија со електронската музика, што резултира со еден потполно нов, сентиментален и сонлив звучен пејсаж. Жанровски тешко да се класифицира, својата инспирација ја црпи од разновиден спектар на артисти како Mount Kimbie, Gold Panda, Four Tet и The Album Leaf, но на крајот звучи единствено, свежо и ново – најфина електроника, synthpop и ambiental.
Матеј Кончан добро е познат најпрво по својата супергупа Därectalchex, а потоа работејќи ремикси на бројни словенечки бендови, и на крајот како член на популарниот музички ансамбл Lollobrigida, а како Kleemar својот деби албум го издава за Moonlee Records.

Сподели