Со задоволство ви го најавуваме заедничкиот концерт на скопската петорка JUNE и белградската кантавтока Ана Ќурчин.
11 март 2017
Кино Фросина
почеток 21:00
Билети САМО на Билетарница МКЦ по цена од 200 денари, на врата цена на билет ќе изнесува 300 денари.

::::::……

Living for the Weekend е многу повеќе од уште еден нов албум на June. Тоа е приказна за еден период од поминати две убави години исполнети со многу дружење, љубов и музика. LFTW е ехо на едно време и живот во кој бендот живееше за “викендот“, но не само во буквалната смисла на зборот туку пред се како метафора за копнежот по убавите, ретки и бесценети моменти од животот. Албумот е изграден врз многу лични искуства и емоции, многу фантазии, соништа и сеќавања и како таков на него е материјализирана колективната енергија на бендот, нивната звучна аура.

June се:
Бојана Низамовска – вокал и гитара
Филип Арсов – вокал и гитара
Данчо Поповски – бас
Анте Гулин – тапани
Јане Трајковски – гитара и труба

Албумот го снимаше и миксаше Ивица Јанкуловски во студиото „Алшар“.

::::::…….

Ана Ќурчин е кантавторка родена во Багдад, израсната во Москва, во моментов живее и работи во Белград.
Нејзината музика е нежна и моќна, тивка и мелодична, бучна и ритмична, се лула преку инди-рок и фолк и кокетира со блуз.
Ана активно свири од 2012 година, настапува соло или со бенд, а нејзината музика можеше да ја слушне целиот регион бидејќи често натапува на просторите на бившата држава.
Беше дел и од престижниот Waves фестивал во Виена, а настапуваше и на МЕНТ конференцијата во Љубљана.
На почетокот на 2015 година, концертната сезона ја отвори со концерт во легендарното Студио 6 на радио Белград и на тој концерт го претстави новиот бенд кој е составен од Горан Антоновиќ, Марко Цветковиќ и Марко Бенини.
Во оваа формација ќе настапи и на скопскиот концерт.
Во 2016та го издава првиот студиски албум насловен “Sketches of Belonging”, а за првите два сингла “Remain Calm” и “Unknown” се пропратени и со видео спотови.

Сподели