Јаков Дренковски на 14 февруари ќе одржи концерт во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Овој пат Дренковски ќе се претстави во ново руво, придружуван од уште четворица музичари.

На сцената, покрај Јаков, ќе биде неговиот долгогодишен пријател, басистот Данаил Дарковски, потоа клавијатуристот Трајче Органџиев, тапанарот Спиро Здравески, како и младиот гитарист Владимир Чадиковски.

Песните ќе бидат отсвирени во оригиналната студиска варијанта, која публиката речиси и никогаш не ја слушнала на концерт, освен на плоча, касета, на цеде или во радиоетерот.

Сподели