Гледај.мк и Младински културен центар ве покануваат на проекција на филмот „И(с)згубени“ (Missing dog/Zstracený) во режија на Антонио Вељаноски и продукција на Story Scope Production во соработка со Studio FAMU. По проекцијата, заедно со кинематограферот Владимир Димоски, композиторот Игор Василев Новоградска и продуцентката Елена Станишева ќе дискутираме за филмот. :)

Синопсис: „И(с)згубени“ е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во поштата, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот.

ВАЖНО: Поради ограничениот број места во Џебното кино, неопходно е да го најавите своето учество преку пополнување на следниот прашалник: https://forms.gle/K8CScGPg8RuVSLpA6

Сподели