IN C од Тери Рајли, во изведба на Fighting Windmills + Sethstat
16 декември 2016, петок, 21ч // Кино Фросина МКЦ

На 16 декември 2016 во Кино Фросина, ќе се одржи македонската премиера на култното минималистичко дело IN C од американскиот автор Тери Рајли во изведба на Fighting Windmills + Sethstat.
Билетите се веќе достапни на благајната на МКЦ по симболична цена од 100 денари. (На ден на концертот билетите ќе чинат 200 денари)
**
ТЕРИ РАЈЛИ е американски композитор и музички изведувач роден 1935 година. Тој е пионер на современата минималистичка музика и е еден од првите автори кој го истражува минимализмот со повторувачки фигури. Тери Рајли твори во полистилистичкиот период на ‘60тите од каде се наметнува како уникатен глас кој го менува текот на музиката на XX век. Влијанието на Рајли се чувствува во музиката на неговите современици Стив Рајш, Филип Глас и Џон Адамс, но и во музиката на некои од најрадикалните автори и изведувачи на алтернативната култура и џезот.
IN C е првата значајна минималистичка композиција. Напишана во 1964 година во ерата на апстрактниот серијализам (на една страна) и „британската инвазија“ (на друга страна), ова дело ги напушта зацртаните конвенции на академската музика. Композицијата е конципирана како отворена платформа, во која зададениот текст остава простор за спонтана интеракција помеѓу изведувачите.
**
FIGHTING WINDMILLS + SETHSTAT е природен спој на две групи со слични уметнички концепции. Преку оваа уникатна интерпретација на IN C музичарите ќе се обидат да ги вклопат стилските влијанија кои се одлика на двата состави како џез, пост-рок, електроника, современа класична музика, електро-акустична музика итн. На овој концерт ќе настапат со комбиниран осумчлен електро-акустичен ансамбл во состав:
Нинослав Спировски (кларинет/сопран саксофон)
Гунтер Кубе (бас кларинет/тенор саксофон)
Владан Дробицки (тромбон)
Антоние Весковски (тапани/удиралки)
Гоце Наумов (тапани/удиралки)
Филип Букршлиев (гитара)
Панче Бујуклиев (пијано/синтесајзери)
Дени Омерагиќ (бас/синтесајзер)
**
https://www.facebook.com/YugoslaviaInSpace/
https://www.facebook.com/sethstat.jazz

Сподели