Win Music Freedom по одличните журки со MISS KITTIN, SOLOMUN,HOSH и PAN-POT ви подготвува журка и има чест да ви ја претстави HEIDI, жената којашто во последната декада стигна до позиција лидер во презентација на најквалитетната андерграунд хаус и техно музика. Таа го живее сонот на секој диџеј на планетата, уредник е на емисијата “Residency” на глобално популарното радио “BBC radio one”. Како диџеј има настапи на речиси сите фестивали, како и во највлијателните клубови во свет како што се “Watergate” Берлин, “Panorama bar/Berghain, “Fabric” Лондон итн… А на 5 ноември ни доаѓа за прв пат во Скопје; журката ке се случи во култниот Младински Културен Центар

HEIDI
DJ Flooder

Maci Stojanovic

Win Music Freedom Lounge:
Ivana Dragsiqi
Sonja Ismail
Ilina Angelovska

Не пропуштајте ја!!!

Heidi своето име го има етабелирано на новата house и techno сцена со посветена и напорна работа, така што е доволно да посетите еден од нејзините настани промовирани под светски познатиот бренд Jackathon, или да ја преслушате нејзината радио емисија што се емитува на BBC Radio 1, за да ја осетите нејзината љубов и посветеност кон музиката. „Станува збор за тоа како се презентира музиката, можев и јас да седам и да гледам само во лаптопот и да ги пуштам сите хитови, но тоа мене не ми е интересно ниту ми се допаѓа“ – Heidi објаснува во едно од своите интервјуа за Independent весникот во 2011. „Јас доаѓам од подиумот, сакам да играм, за мене е разочарувачки кога си заминуваш од журката без добар и силен впечаток од неа, едноставно се трудам секој мој сет да заврши со нешто што ќе се памти и раскажува“. Забавите Jackathon се инспирирани од нејзината младост кога таа ужива во house и techno музиката. Инаку таа доаѓа од Виндсор, Онтарио Канада, токму преку границата со Детроит. Се преселува во Лондон во 2000 година, каде што полека ја изучува целата приказна за селекцијата и магијата на плочите, работејќи во Koobla Records, и во 2003 година го сочинуваше тимот што ја отвори легендарната продавница Phonica. „Започнав како диџеј во 2004 година, а потоа во летото 2006 година едноставно почна мојата светска кариера. Тоа е периодот кога Get Physical лејбелот беше во зенитот и артистите M.A.N.D.Y и Dj. T ме зедоа под свои закрила. Во 2008 година добива шанса да се докаже како презентер, селектор и радиоводител на BBC Radio во емисијата “In New DJs We Trust”, и потпишува шестмесечен договор. Иако нејзиниот договор заврши, Heidi останува како дел од BBC Radio 1 тимот до денеска. „Јас сум многу упорна. Кога слушнав дека “In New DJs We Trust” емисијата се ближи кон крај, свесно одлучив да се вратам повторно во Лондон, затоа што осеќав дека треба и понатаму да сум инволвирана во BBC Radio 1. Едноставно дојдов и им соопштив на претпоставените дека ја сум тука и сакам да сум инволвирана во целата приказна, сакам да работам и дозволете ми да го докажам тоа. Во 2009 година ги започнува да ги промовира своите “Jackathon” настани на глобално ниво, каде што има можност да ги покани своите диџеј колеги како што се Richie Hawtin, Soul Clap, Solomun, Maceo Plex, Nicholas Jaar, Derrick Carter со цел да ја споделат својата љубов што ја имаат кон музиката и добрата забава. Во 2011 година за прв пат издава компилација Heidi presents Jackathon на лејблот Get Physical, односно по големиот успех на овој концепт, добива суб-лејбл наречен “Heidi presents Jackathon Jams” и како прво сингл издание ги има женските артисти Maya Jane Coles, Miss Kittin, и Tini. За 2016 година Heidi го највува најновото издание на нејзиниот лејбл Jackathon Jams, каде што ќе се најдат три траки во продукција на Dj T, Emanuel Satie, и Kill Frenzy. Ова издание е од посебно значење по тоа што се означува дистрибуција и соработка со култниот лејбл K7! и се очекуваат повеќе проекти во текот на оваа година.

БИЛЕТИ ВО ПРЕТПРОДАЖБА:
Hash Bar, Кино Карпош, Радио Бар, Излет Кафе, Билетарата на МКЦ, Јагода (Битола) и http://mktickets.mk/heidi-mkc
Цена:
400 МКД (200 лимитирани)
500 МКД (претпродажба)
600 МКД (на влез)

Сподели