Рап ЏУМБУШЛИИ. SureShotz Entertainment и MKЦ, имаат огромна чест за прв пат во Скопје / Македонија да ви го најават гостувањето на HAVOC – едната половина од легендарното Хард Кор Хип-Хоп дуо Mobb Deep директно од Queensbrige / NEW YORK. Тој ќе одржи dj сет, како и настап на некои од најголемите хитови на Mobb Deep, во недела, 22 jануари со почеток во 21:30ч во Младинскиот културен центар. Локална поддршка на настапот ќе бидат бендот Дивизија, како и Dj Shorty P и Dj Mawrteen.

Havoc е една половина од дуото Mobb Deep, која важи за една од највлијателните во историјата на хип-хоп музиката. Воедно, тој е и главен продуцент на бендот, а досега има продуцирано и за артисти како Eminem, Nas, Foxy Brown, Onyx, Notorious B.I.G., Jadakiss, Styles P, Method Man, The Game, LL Cool J, Diddy, Termanology, Capone – N – Noreaga, како и за неговиот “колега” од Mobb Deep – Prodigy на неговите соло проекти. Во периодот од 2005 до 2009, заедно со Mobb Deep беше дел од G-Unit групацијата на 50 Cent, каде работеше и како продуцент. Она што Havoc го прикажува преку неговите битови на песните на Mobb Deep, e доста слично со работата на RZA и неговите Wu-Tang Clan. За негови најуспешни проекти до сега, се сметаат албумите “Infamous” и “Hell on Earth”, на кои преовладуваат семплови од класична музика, а во последно време е актуелен како продуцен на последниот албум на Kanye West – “The Life of Pablo” (негово дело се песните “Real Friends” и “Famous”).
Со преку 3 милиони продадени албуми, и заработка од преку 10 милиони долари, Mobb Deep е една од најреномираните хип-хоп групи од источниот дел на САД. Havoc и Prodigy, кои доаѓаат од Queensbridge Houses, се запознаваат во средното уметничко училиште во New York, и во 1990 година го формираат бендот, кој на почетокот се викал Poetical Prophets. Првиот поголем успех го забележуваат со нивниот втор студиски албум – “The Infamous” од 1995 година, на кој дуото јасно и сликовито го опишува уличниот живот на афроамериканците во New York. Најголеми хитови од овој албум секако се “Survival of the Fittest” и “Shook ones Pt. 2”. Нивниот трет студиски албум – “Hell on Earth”, кој е објавен една година подоцна, се искачува на шестото место на Billboard Album Chart листата, а на него како гости се јавуваат Method Man, Raekwon и Nas. До сега бендот има објавено 8 студиски албуми.

Havoc во СКОПЈЕ за сите вистински гурмани на оваа култура…

Сподели