КОНЕЧНО!
Добро познатото скопско хип-хоп трио Гринаут ќе го промовира својот втор студиски албум насловен – РАПАНОЈА.
Владимир Пешков, Антонио Арангеловиќ и Ненад Стефаноски ( ЛД Пистолеро, Тонио Сан и Фулиш Грин) скоро цела деценија постојат и работат заедно под едно име – Гринаут. После првиот албум Некои скопски бандити – кој излезе во 2009та се враќаат на сцената со нов заеднички проект. Албумт брои 16 нумери и е во целосна продукција на Ненад Стефаноски за Foolish Green music. За миксот и мастерингот се погрижи Гоце Трпков – Дј Гоце САФ.
Цедето на промоцијата ќе може да се купи по промотивна цена од 300 ден. Ако сте љубители на вистински хип-хоп и добра музика пред се, бидете дел од оваа слушачка промоција.

Се гледаме во МКЦ.

Сподели