Американскиот панк трубадур Grant Hart, еден од основачите на култните Hüsker Dü, на 18 октомври ни доаѓа во Скопје.
За разлика од минатите гостувања во СКопје, Grant овој пат ќе го презентира своето богато кантавторстко творештво во придружба на бенд.
На овој концерт ќе биде промовиран последниот албум The Argument, а нема да изостанат и добро познатите хитови од времето на Hüsker Dü и Nova Mob.

Линкови:
http://granthart.com/
https://www.facebook.com/pages/Grant-Hart/356067441965
https://twitter.com/GrantVHart
http://en.wikipedia.org/wiki/Grant_Hart

Видео:

После долги години членување во бендови кои свират тотално различни музички стилови (Hemendex, Man Zero, St!llness, Umor), четири искусни музичари од хрватската андерграунд сцена го формираат ESC Life.
Бендот постои кратко време и како “preview” засега е достапен само Lo-fi демо кое можете да го слушнете на нивниот bandcamp профил. Како и да е, во ESC Life се чувствува љубовта кон старите панк плочи, гласни гитари, поп мелодии.

Линкови:
http://www.facebook.com/esclifetheband
http://esclife.bandcamp.com/

Видео:

Влезници по цена од 200 денари можат да се купат веќе на билетара на МКЦ од понеделник (06.10) по цена од 200 денари. На врата цена на билет ќе чини 300 денари.
Турнејата на Grant Hart & ESC Life е реализирана во сорабтка со Жедно Ухо од Загреб.
Дизајн на постер: Дарко Кујунџиќ.

18.10.2014
МКЦ
Влез 20:00
Почеток 21:00

Сподели