Ана Бамдад (1976, Хрватска) е српска писателка, професор, блогер… Дипломирала на Филозофскиот факултет во Нови Сад 2000 година, на отсекот за Српска книжевност и јазик и работи во средно училиште во Војводина.

„Голи души“ е нејзин дебитантски роман, објавен на Меѓународниот саем на книгата во Белград, во октомври 2016, во издание на „Нове поетике“.

Нејзините теми ги истражуваат човечките потиснати соништа, љубови и скршеност, допираат во жешките прашања на нашето општество и соголувајќи нечии туѓи животи го соголуваат и читателот. Така, на сосема суптилен, но и снажен начин го соочуваат со сопствената стварност, му ги допираат и му ги мијат старите рани, му даваат разбирање и потребниот ветер во гради.

Ова дело е пишувано со исклучително питок стил, продира длабоко во психоемотивниот профил на читателот  и ненаметливо го вовлекува во фабулата како активен набљудувач. Затоа оваа книга ја сакаат и уживаат во неа подеднакво, и жените и мажите со различни интересирања, но со слични духовни потреби.

Повеќе за „Голи души“ и може да прочитате на сајтот на авторката: www.anabamdad.com

Сподели