Кампањата „Гласно против гласини“ има за цел да ја подигне свесноста за штетното влијание од ширењето „гласини“, кои доведуваат до родови стереотипи и предрасуди за жените во нашето општество. Во кампањата учествуваат жени и девојки чии инспиративни приказни ќе бидат дел од низата активности, кои ќе се одвиваат на социјалните медиуми, како и на настани и дебати од јавен карактер, сè со цел да се допре до засегнатите страни и едукативно да се влијае врз директните учесници во ваквата негативна општествена појава.
На настанот што ќе се оддржи на 10.09.2019 г. со почеток во 20:00 ч. во „Кино Фросина“ ќе биде означен почетокот на националната кампања „Гласно против гласини“ поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Свое обраќање ќе има Амбасадорот Клеменс Која, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, по што ќе следува панел-дискусија со учесници од различни сфери.
Ве очекуваме!

Сподели