Gang Starr Foundation е колектив на хип-хоп артисти од источниот брег на САД, Бостон и Њујорк, предводен од легендарната група Gang Starr, еден од највлијателните бендови од златната ера на хип-хоп музиката. Формирани во 1993, во Gang Starr Foundation членуваат и членувале артисти како Jeru the Damaja, Group Home, Big Shug (основач на Gang Starr заедно со G.U.R.U.), Afu-Ra, Krumb Snatcha, Bumpy Knuckles и други.

Препознатливиот Boom Bap звук на продукцијата на DJ Premier и тврдите улични рими ги направија песните што го дефинираа звукот на Њујоршкиот хип-хоп во 90-тите.

На првата турнеја по долга пауза (единствен настап во изминатите 18 години имаа минатата година на Hip Hop Kemp во Храдец Кралове, Чешка, со DJ Гоце САФ зад грамофоните)!

Gang Starr Foundation доаѓаат во состав: Jeru the Damaja, Big Shug и Afu- Ra. Секој од нив веќе етаблиран како соло артист, познати на публиката и по тоа што знаат да го „испорачаат“ на сцена.

Помеѓу себе, Big Shug и Afu-Ra имаат дузина албуми во изминатите 15-тина години, признаени и од критиката и од публиката, се имаат појавено на гостувања, компилации и имаат плодни кариери.

Сепак, Jeru The Damaja е предводникот на „бандата“ . Неговиот првенец “The Sun Rises in the East” (албум каде што воедно е и првото појавување на младиот Afu-Ra) се смета за есенцијално хип-хоп издание. Еден од албумите што го издигна Њујоршкиот хип-хоп заедно со првенците на Wu- Tang Clan, Notorious B.I.G. и Nas.

Со овој албум е влезен во сите листи на легендарни хип-хоп изданија, “Come Clean” е избран за еден од најдобрите 10 хип-хоп инструментали на сите времиња, Jeru е влезен во книгата на Kool Moo Dee за 50-те легендарни MC-ња на рап музиката .

Со вториот албум “Wrath Of The Math”, дисовите и beef-от со P Diddy, Notorious B.I.G. и The Fugees само си го потврди статусот на легенда.

Gang Starr Foundation турнејата е ретка прилика да се видат овие легенди заедно на една сцена и ќе биде празник за сите љубители на вистинскиот хип-хоп.

Домашната поддршка доаѓа од Funky Fresh екипата – DJ Чваре, DJ Страјк и DJ Гоце САФ.

Организацијата на овој евент е соработка помеѓу Младинскиот културен центар – Скопје и промотерската дружина Funky Fresh.

Настапот на Gang Starr Foundation ќе биде на 31 Март, во “Dancing” салата на Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток во 21 часот.

Билетите ќе бидат пуштени во претпродажба на 16 февруари во продажната мрежа на mktickets и на билетарницата на МКЦ и ќе бидат по цена од:
- 250 денари – до 16 март
- 350 денари – од 17 март до 30 март
- 500 денари – на денот на настанот, 31 март
Билетите ќе бидат во ограничен број.

Сподели