Брајтонската четворка FUJIYA & MIYAGI за прв пат во Скопје.
Датумот е 28 јануари 2017, локацијата е МКЦ Скопје (нормално).
Првите билети (до 31.12.2016) по цена од 300 денари во продажба преку МК тикетс и на Билетарница МКЦ.
Од 1.1.2017 цена на билет 350 денари. На ден на концертот, цена на билет ќе изнесува 400 денари;

Fujiya & Miyagi создава отворена, експериментална и повеќеслојна електронска музика од пред повеќе од петнаесет години. Како колектив тие се еднакво успешни во и нивното експериментирање со електронските звуци, и во долгите krautrock излудувања, и при создавањето забревтан електро-поп, како што истовремено ревносно создаваат пост-панкерски настроен скречан танц.
Нивното последно EP, издадено во мај 2016 година, звучи како мешавина од сите овие фактори, концизно стокмени во четири траки, прво од трите планирани 12” EP изданија, кои на крајот ќе резултираат со нов албум на почетокот на 2017 г.

Сподели