Драги пријатели, ова е прв голем настан што го организира иницијативата Friends2Friends.
Мотив за организирање на настанов беше пожарот што се случи во Макотекс, во кој изгореа инструментите и студиото на наши пријатели музичари. По оваа трагедија следеа и нови лоши изненадувања, имено имаше поплава во истата зграда, која ги зафати и помошните простории за проби.
Со купување карта за овој фестивал ќе им овозможите на музичарите да набават нова опрема и да продолжат да творат и да создаваат култура!

Настанот го поддржаа следните бендови:
1. Темпера
2. Mooger Fooger
3. Милко
4. Фолтин
5. Сетстат
6. Alter Vivo
7. Јаничари
8. Conquering Lion

Неизмерна поддршка дадоа и МКЦ!!!
Дојдете да се забавуваме, да слушаме квалитетна македонска музика и заедно да направиме нешто со кое ќе помогнеме истата да живее и да се создава!

Сподели